Акција за чистење на магистрален пат Охрид-Св.Наум и машинско миење на чаршијата
Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ по завршувањето на туристичката сезона започнаа акција за расчистување на расфрланиот комунален отпад покрај магистралниот пат Охрид-Св.Наум и зелениот појас помеѓу коловозните ленти. Акцијата ќе се одвива етапно поради должината на делницата, а искуствено се планира да се соберат околку 300 вреќи отпад .
Секојдневно се превземаат вонредни активности за отстранување на флеките од плочникот од чаршијата и машинско миење.