Акција на Комуналец и Планинската спасителна служба за чистење на карпестиот дел околу Канео
Утрово во координирана акција на екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ и Планинската спасителната служба при Црвен крст-Охрид се спроведе расчистување на карпестиот и тешко пристапен дел околу Канео каде деновиве сите сме сведоци што се случува до раните утрински часови. Не останавме неми сведоци на расфрланиот отпад од младата популација која секоја ноќ ја деградираа оваа од бога дадена убавина и ја претвораа во депонија. Во заедничка соработка се подигна отпадот од локации каде активистите на Црвен крст со голем напор и пожртвуваност пристапуваа, каде некој претходно од чиста забава , во неколку минути, го става на испит она што со векови сме го создавале, нешто што е препознатлив симбол во секоја фотографија која го прoмовира Охрид ширум светот.
Останува светот на младите, но останува и желбата младите да го сфатат значењето во нашите напори за зачувување на нашата околина и нашето културно наследство.