По одбележувањето на празникот посветен на светителот Св.Наум генерално расчистен комплексот

Ј.П.„Охридски Комуналец„  ги поддржува сите манифестации, културни збиднувања и верски празнувања значајни за општина Охрид и активно се вклучува во активостите за подигнување на јавната чистота на повисоко ниво.

И оваа година екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ по одбележувањето на празникот посветен на светителот Св.Наум генерално го  расчистија туристичко-манастирскиот комплекс „Свети Наум„. 
Комплексот е расчистен од влезот до манастирот, плажата, пристаништето и сите пристапни патеки. Подигнат е комуналниот отпад од контејнерите, расфрланиот ситен комунален отпад, хартија, картонската амбалажа и др. од јавните пешачки и зелени  површини. Овие активности се спроведоа по договор со Дебарско-кичевската епархија.

 

 

Share