Со првиот снег Комуналец на терен
Следејќи ја временската прогноза и најавениот снег за денешниот ден дежурните служби при Ј.П.„Охридски Комуналец„ веднаш се екипираа и излегоа на терен. Согласно Програмата за зимско одржување на територија на општина Охрид за 2019 год., третирани се со абразивни средства улицитe со највисок приоритет и ризик во зимски услови, а потоа се опфатени и останатите. Опфатени се улиците во централното градско подрачје и главните сообраќајници, стариот дел од градот, населбата „Гоце Делчев„ (Бараки), населба „Радојца Новичиќ„ и приградските населби: Велестово, Долно Коњско, Елшани , Горно и Долно Лакочереј и Велгошти.
Службите остануваат мобилизирани и во ноќните часови и ќе се дејствува каде има потреба со расположивата механизација.