Се чистат јавните површини на „Марко Цепенков„ и „Ристо Чадо„

Оперативните служби на Ј.П.„Охридски Комуналец„ деновиве спроведуваат акции за расчистување и подигнување на расфрлан ситен и кабаст отпад од јавните површини. Во текот на вчерашниот ден се расчисти тревната површина во близина на Ј.З.У.„Општа болница„-Охрид по ул.„Марко Цепенков„ каде несовесни поединци расфрлале најразновиден градежен отпад од уредување на домовите, пластични амбалажа и др .

Денеска акцијата се реализира на ул.„Ристо Чадо„ на потегот  од кружниот тек кај ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски„ до „Стобекс„.

Share