Реакција во врска пресот на ВМРО-ДПМНЕ за проблемот со бездомните кучиња
Во изминатите години решавањето на проблемот со бездомните кучиња се сведуваше на импровизации и поединечни обиди кои за жал не вродија никаков плод. Ј.П.„Охридски Комуналец„ во соработка со локалната самоуправа во 2018 год. пристапи кон темелно решавање на овој горлив проблем согласно сите позитивни законски прописи, со обезбедување на сите неопходни услови и средства за третирање на бездомните кучиња. Изготвена е „План и Програма за заловување и чување на бездомни кучиња„ одобрена од Агенција за храна и ветеринарство на РМ. На локалитетот Мауцкер каде е сместено прифатилиштето, ограден е простор со поголема површина каде заловените кучиња ќе престојуваат. Набавена е опрема за заловување, а во соработка со компанијата „EcoSpar„ изготвени се 5 големи кафези за заловените кучиња. Со овие кафези се зголеми постоечкиот капацитет на стационарот каде претходно веќе постоеа 10 помали кафези. Набавени се две возила за заловување кои ќе функционираат во рамките на стационарот за кучиња, лоциран во месноста Мауцкер и во тек е постапката на Ј.П.„Охридски Комуналец„ за избор на стручно лице-Ветеринар кој понатака ќе врши третман на заловените кучиња во стационарот, како и постапката за набавка на храна за заловените кучиња.