Депонирани абразивни средства на повеќе пунктови
На повеќе локации депонирани се вреќи со сол и ризла кои нашите служби и жителите можат да ги користат превентивно за справување со голомразица и снежни врнежи и тоа: „Стар Град„, У.З.„Гоце Делчев„ ( бараки), по сите воспитно-образовни институции на територијата на општина Охрид, покрај фреквентните сообраќајниции и руралните подрачја кои се наоѓаат на поголема надморска висина и тоа: с.Елшани , с.Долно Коњско , с.Рача, с.Рамне и с.Велестово.
Согласно законските обврски кои ги има Ј.П.„Охридски Комуналец„ околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид” екипирани се сите дежурни служби, механизација, набавени се абразивни средства и дефинирани се улиците по кои ќе се делува според приоритет.