Бројни акции за чистење во Охрид и приградските населби
Ј.П.„Охридски Комуналец„ продолжува со опсежни акции за чистење, како во градот така и во приградските населби.
Веднаш по одржувањето на синоќешниот митинг на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, нашите дежурни служби пристапија кон расчистување на плоштадот, тревните површини и пристапните патеки од расфрланиот отпад и враќање во првобитна состојба.
Се продолжува и со акциите за генерално чистење на приградските населби и опфатени се селата : Долно Лакочереј, Горно Лакочереј, Косел, Сирула и Вапила. Расчистен е расфрланиот комунален отпад, машински се расчистени дивите мини-депонии , извршени се повеќе хортикултурни зафати и извршено е миење со цистерна.
Во с.Косел хортикултурно е уреден дворот околу основното училиште и игралиштето.