Оглас за издавање закуп на деловни простори

Ј.П.„Охридски Комуналец„ објавува Оглас за издавање под закуп Деловни простории кои што се наоѓаат на кат во зградата на Градски пазар Охрид

                 Оглас  за издавање под закуп на 
           деловни простори во зградата на Градски Пазар

 ЈП"Охридски Комуналец"Охрид објавува Оглас за издавање под закуп Деловни простории кои што се наоѓаат на кат во зградата на Градски пазар Охрид и тоа:

-Деловен п-ор со површина од 11 м2, месечна цена за закуп е 6 евра/м2
-Деловен п-ор со површина од 17,5 м2 месечна цена за закуп е 6 евра/м2
-Деловен п-ор со површина од 95 м2, месечна цена за закуп е 4 евра/м2
-Деловен п-ор со површина од 8 м2, месечна цена за закуп е 3 евра/м2
-Деловен п-ор со површина од 28 м2, месечна цена за закуп е 4 евра/м2
-Деловен п-ор со површина од 28 м2, месечна цена за закуп е 4 евра/м2
-Деловен п-ор со површина од 28 м2, месечна цена за закуп е 5 евра/м2

Закупнината на деловните простории е формирана врз основа на Извештаи за извршена процена на надоместок за наемнина издадени од овластен проценител.
Деловните простори се издаваат за период од 1 (една) година. Огласот е отворен 5 дена сметано од 05.04.2019 година.

Право на учество имаат сите правни и физички лица кои по никој основ немаат долг кон ЈП “Охридски Комуналец”Охрид и кои ќе достават свои понуди во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на огласот.

Понудата треба да содржи:
  • За кој деловен простор е понудата;
  • Понудена фиксна цена за закупот;
  • За правните лица Извод од тековна состојба од Централниот
    регистар на РМ и жиро сметка а за физичките лица, име и презиме и адреса. Понудите да се доставуваат по пошта на адреса ЈП “Охридски Комуналец”Охрид, “Нов Расадник” бб, Охрид или преку Архивата на претпријатието, во затворен плик со назнака “За Оглас за закуп на деловен простор”. Сите заинтересирани за подетални информации можат да се јават во административните простории на ЈП”Охридски Комуналец”Охрид секој работен ден од 07.00 до 15.00 часот или на телефонскиот број 046/263-325.
Share