Заедничка акција за чистење на комплексот Горица

Заштитата на животната средина, зголемување на степенот на еколошка свест и едукација на населението и најмладите, се активности кои Ј.П.„Охридски Комуналец„ ги реализира и наметнува во секојдневниот живот и работните активности. Денес во заедничка акција со германската компанија „ Костал„, локалната самоуправа  и Ј.П.„Охридски Комуналец„ се реализира расчистување на расфрланиот отпад на локалитетот Горица 3 , шумскиот дел околу локалитетот Горица 2,  патеката околу вилата „Билјана„ која ги поврзува Горица 1 и Горица 2 и тревната површина околу нејзе. Кај локалитетот „Горица 3„ се расчистуваше големиот паркинг простор и тревната површина на оваа локација. Имајќи во предвид дека овие локации се често посетени како од охриѓани, така и од туристи, беа собрани големи количини отпад. 

За акцијата имаше голем интерес и зедоа учество околу 150 учесници (вработени, членови од нивните семејства и деца) . Оваа акција е одличен пример како заедно да ја демонстрираме личната одговорност за зачувување и разубавување на животната средина. Треба  сите да бидеме екологисти и преку заедничко дружење да  постигнеме повисока цел- здрава животна средина.

 

Share