Се расчистува делницата од „Петља„ до Подмоље

Оперативните служби на Ј.П. “Охридски Комуналец” спроведоа акција за расчистување на магистралниот пат Охрид-Скопје на делницата од сообраќајната клучка-Петља до Подмоље. Се расчистуваше расфрланиот отпад околу коловозните ленти и тревниот дел од расфрлани пластични шишиња, хартиена амбалажа, лименки и др.

 

Share