Се чисти полигонот
По барање на А.Д.„Гранит„ како сопственик на просторот кај поранешниот полигон за мали спортови во центарот на градот, Ј.П.„Охридски Комуналец„ денес и утре го расчистува овој простор. Ангажирани се сите оперативни служби на претпријатието околу подигање на расфрланиот ситен комунален отпад, кабаст отпад, отстранување на жбунеста и ниско стеблеста вегетација, уредување на крошните на дрвјата и косење на тревниот дел. На одредени локации се интервенира со специјална механизација за темелно расчистување на отпадот и зелената вегетација.