Расфрлан градежен шут на булевар „АСНОМ„

Неконтролираното фрлање на градежен шут се` почесто создава проблеми во тековното работење на Ј.П.„Охридски Комуналец„.  Граѓанската неодговорност во овој поглед е видлива на многу локации во градот и околината. Последниот пример на кршење на  Законот за јавна чистота со кој е забрането депонирање  и фрлање на градежен отпад на јавни површини и во и околу контејнерите наменети за комунален отпад е на булевар „АСНОМ„. Големи количини од градежни материјали и шут завршиле околу контејнерите кои треба да им служат на граѓаните за депонирање комунален отпад.

 

 

Share