Расчистување на локалниот пат до с.Велестово и ул.„Живко Чинго„
Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ го расчистија потегот околу локалниот пат до с.Велестово од расфрлан најразновиден отпад. Ниската еколошка култура од пешаците и навиката да се расфрла отпадот од автомобилите покрај коловозот (лименки, пластични шишиња, картонски кутии и др.) оставаат грда слика на овој фреквентен патен правец.
Денес се расчистуваше и ул. „Живко Чинго„ на потегот од пресекот со ул.„15-ти Корпус„ до влезот во с.Велгошти. Се отстрануваше ниската вегетација од тротоарот и делот покрај коловозот и се кастреа гранки и друга дива вегетација со цел непречено движење на пешаците и автомобилите.