Расчистени јавните површини по „Бела ноќ„
Дежурните служби на Ј.П.„Охридски Комуналец„ уште од раните утрински часови пристапија кон расчистување на јавните пешачки и зелени површини на сите локации каде синоќа се одбележуваше „Бела ноќ„.
Санирана е состојбата со дрвото кое вандалски беше откорнато синоќа од пешачката патека од Студенчишта до х.Парк.