Расчистен просторот под Калето и градското пристаниште
Согласно оперативната програма за работа за 2018 год. на Ј.П.„Охридски Комуналец„ и вонредните активности пропишани со неа, денес се спроведе расчистување на две фреквентни локации со ангажирање на специјална механизација- ровокопач.
Се расчистуваше просторот под Калето во населбата Грашница во близина на дрвениот мост каде беше отстранета бујната вегетација и расфрланиот отпад.
Се изврши и расчистување на просторот кај градското пристаниште каде поради големиот водостој на езерото и временските прилики беа создадени наноси од муљ, трска и разновиден отпад.