Отчет за сработеното на Директорот Лупчо Грданоски

Директорот на Ј.П.„Охридски Комуналец„ -Охрид, Лупчо Грданоски денеска даде отчет за сработеното во првата година од својот мандат.

Во своето излагање Директорот изрази задоволство од реализираните проекти во изминатава година, од вложените инвестиции, позитивните финансиски резултати и подобрување на услугите насочени кон нашите крајни корисници-граѓаните на Охрид и многубројните туристи. Во своето излагање  истакна: „ Превземајќи конкретни чекори и мерки,  континуираната работа за подобрување на ефикасноста во работењето, поставувањето приоритети во дејноста, акумулирањето огромна креативна енергија, активната вклученост и постојаната посветеност на сите чинители во работењето, обезбедувањето висок квалитет на јавните услуги, почитувањето на правата и законите во процесот на креирање политики и донесувањето одлуки, во оваа измината година, донесе позитивни резултати за јавното претпријатие „Охридски Комуналец“.„

Во прилог можете во целост да го проследите

Извештајот за работењето на Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид 

во првата година од мандатот на Директорот Лупчо Грданоски  

ноември 2017 год.-октомври 2018 година

на следниот линк:

ОТЧЕТ

Share