Oдбележан патрониот празник на Комуналец

Ј.П.„Охридски Комуналец„ го одбележа својот патронен празник  “7-ми Ноември”. Веќе  66 години успешно се грижи за одржување на јавната чистота и зеленило во градот и прерасна во едно од најдобрите комунални претпријатија во РМ.  Со пригодна свеченост  на вкупно 42 вработени им беа врачени награди за 10, 20 и 30 години   непрекината работа во Ј.П.”Охридски Комуналец” и тоа : тројца вработени за 30-годишно работење, четрнаесет вработени за 20-годишно работење и дваесет и пет вработени за 10-години непрекинат работен стаж.

Share