Комуналец повторно на терен во вечерниве часови

Новите интензивни врнежи кои го зафатија охридскиот регион  формираа нова снежна покривка на коловозите и јавните површини. Мобилните екипи на Ј.П.„Охридски Комуналец„ повторно се на терен во вечерниве часови и со расположивата механизација се расчистува подрачјето на општина Охрид.

Екипите остануваат мобилни и во текот на ноќта за да се обезбеди неопходното одржување на јавните површини во зимски услови.

 

Share