Јавната чистота и зеленило се одржуваат со зголемен интензитет

Деновиве во координирана акција на Јавна хигиена и Јавно зеленило се спроведува темелно чистење на јавните површини и јавното зеленило во градот и приградските населби.

Темелно се чистеше и метеше од наноси од песок , земја , ситен отпад , како и ситна вегетација ул.„Железничка„.

 

Во населбата „Даљан„  (улиците „Шар Планина„, „Аџи Мустафа„ и „Бистрица„) се изврши хортикултурно уредување со косење на тревата, уредување на крошните од дрвата и украсните грмушки.

косење на тревата покрај тесните улици и пристапни патеки во стариот дел од градот и  патот кој води до Горна Порта

Темелно се исчисти пешачката патека во крајбрежниот појас која води од месноста Грашница до Даљан од наносите од песок и друг вид отпад.

Share