Зимско одржување на сообраќајниците
Eкипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ во вечерниве часови интервенираа низ сообраќајниците во градот и планинските села Рамне, Велестово, Коњско и Елшани со посипување на абразивни средства. Со промена на временската ситуација и паѓањето на температурата под нула, како и провејувањето на слаб снег, се зголеми опасноста од појава на голомразица и отежнато движење на возилата и пешаците. Дежурните екипи согласно Програмата за зимско одржување веднаш излегоа на терен и дејствувано е на сите сообраќајници, со посебен акцент на стариот дел на градот, населбата „Гоце Делчев„ (Бараки) и местата каде има остри и тесни свиоци и големи наклони.