Зголемени активности на службите на Ј.П. Охридски Комуналец

Поради зголемена посетеност за време на викендот беа максимално ангажирани сите работни единици, расположливата механизација и ресурси на Ј.П. “Охридски Комуналец”. Се работеше во три смени на метење, собирање и подигање отпад. Се расчистуваа локациите каде имаше зголемена посетеност на гости и фреквентните улици во центарот на градот.

Share