Започнаа подготовките за зимско одржување
Ј.П.„Охридски комуналец„ стартува со подготовките за зимско одржување согласно задолженијата кои ги има по „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид”. Екипирани се сите дежурни служби, механизација, набавени се абразивни средства и дефинирани се улиците по кои ќе се делува според приоритет.
Одржана е средба со претседателот на У.З.„Гоце Делчев„ („Бараки„) и утврдени се две локации на кои се депонирани 100 вреќи со сол и ризла кои нашите служби и жителите можат да ги користат превентивно за справување со голомразица и снежни врнежи. Со заедничка правовремена интервенција ќе се обезбеди непрекинат и безбеден сообраќај на возилата и олеснато движење на пешаците.
Заради специфичноста на теренот и во стариот дел од градот на одредени пунктови се депонирани абразивни средства .