Се расчистуваше спортскиот центар после вчерашниот концерт
Покрај тековните активности, поради зголемениот обем на работа и согласно договорот со “Авалон продукција” и С.Р.Ц. “Билјанини Извори” се чистеше стадионот после концертот. Ангажирани беа десет комунални работници од 5:00 часот во раните утрински часови. Екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” продолжуваат со активностите и после наредните концерти.