Се расчистуваше руинираната куќа, р.Грашница и кејот

Со помош на специјална механизација екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ ја расчистија локацијата каде во текот на вчерашниот ден се разруши руинирана куќа на ул.„Гоце Делчев„ , во близина на амбулантата Воска. Разрушениот градежен шут е подигнат и транспортиран, а околниот простор расчистен.

 

Се расчистуваше и речното корито на река Грашница на пресекот со ул.„Булевар Туристичка„ каде е евидентиран покачен водостој на речните води кои во овој дел имаа натрупано наноси од земја , трева и друг отпад.

Денеска машински се расчистуваше крајбрежниот појас на градскиот кеј, во близина на старото пристаниште, каде заради обилните врнежи беа натрупани огромни количини песок, окрек и друг вид отпад.

Share