Се расчистуваше од кампот во Љубаништа до викендиците
Во текот на денешниот ден дел од екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец”, после успешно завршената акција за чистење на магистралниот пат која заврши во вчерашниот ден, каде беа собрани околу 250 вреќи расфрлан комунален отпад, по барање на месното население се изврши чистење на делот помеѓу кампот во с. “Љубаништа” и соседните викендици. Акцијата беше за собирање на оставен комунален отпад од страна на дивите кампери кои од месец Јули до Септември со шатори беа лоцирани на тоа подрачје.