Се расчистуваше градскиот кеј и во Долно Лакочереј

По силното вчерашно невреме проследено со силни врнежи и ветaр од јужен правец, кое со несмален интензитет преовладува и во текот на денешниот ден, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ го чистат градскиот кеј на потегот од градското пристаниште до Холандскиот Парк. Огромни количини окрек, трска и најразновиден комунален отпад се наталожени кај пристаништето и шеталиштето.

 

Иако во мошне лоши временски услови, нашите вработени рачно го расчистуваа натрупаниот отпад бидејќи специјалната механизација е ангажирана во расчистување во поплавеното подрачје во с.Долно Лакочереј. По барање на локалната самоуправа и месното население од ова село нашата специјална механизација е ангажирана во расчистување на речните корита и канали каде  дојде до излевање на надојдената вода.

Во текот на утрешниот ден крајбрежниот појас ќе се расчистува и со специјална механизација.

Share