Се расчистува патот за с. Лакочереј преку с. Орман

По налог на комунална инспекција, дел од екипите на “Јавна хигиена” при Ј.П. “Охридски Комуналец”, денес беа ангажирани на расчистување на расфрлан комунален отпад на локалниот пат кој води од Бул. “Туристичка”се до с. “Горно Лакочереј”. Во акцијата беа опфатени и с. “Орман”, с. “Долно Лакочереј” и с. “Горно Лакочереј”. Ангажирани беа 8 работници и беа собрани поголеми количини на комунален отпад.

Share