Се расчистува патот за Скребатно
Во текот на вчерашниот ден, како и денес, дел од екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” се ангажирани на расчистување на патот од “Скребатска маала” над с. “Лескоец”, се до с. “Скребатно”, пред претстојниот празник Успение на Пресвета Богородица, каде што се собираат голем број на луѓе кои сакаат да го одбележат празникот. Се коси нараснатата трева и се кастри неуредната вегетација со цел да се обезбеди подобра прегледност за возилата кои ќе се движат во тој дел. Со акцијата ќе се продолжи и во текот на утрешниот ден.