Се чистеше кејот после силниот југозападен ветар

Екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец”, после силниот ветар во предходните два дена, започнаа акција за расчистување на кејот, на потегот од градското пристаниште до хотел “Милениум”. Се чистеше алгата (окрек и реса) и различен комунален отпад донесен од езерските бранови. Акцијата ќе продолжи и во другите денови, поради количината исфрлена на кејот, а истата се спроведува согласно програмата на Ј.П. “Охридски Комуналец” за вонредни активности, со предходно издаден налог од комуналната инспекција.

Share