Реакција од Ј.П.„Охридски Комуналец„ по повод написот „Преполни контејнери и расфрлано ѓубре на влезот од Велестово„ (ohridnews.com)
Во врска наводите кои се изнесени во написот
„Преполни контејнери и расфрлано ѓубре на влезот од Велестово„ на веб-порталот www.ohridews.com
сакаме да ја информираме јавноста дека контејнерот кој беше фотографиран беше преполн со градежен шут (остатоци од кнауф табли) депонирани во контејнерот од некој „совесен„ граѓанин кој реновирал во својот дом. Контејнерите служат за депонирање на комунален отпад, а не за одлагање на градежен шут и кабаст отпад. Исто така сакаме да укажеме на фактот дека честа навика на граѓаните кои престојуваат во с.Велестово (мештани и гости) ѓубрето да го фрлаат од своите автомобили, а веројатноста ќесето со ѓубре да влезе во контејнерот е мала, па затоа сите ќесиња со отпад се расфрлани околу контејнерот. Како што е јасно видливо на една од фотографиите, до постоечкиот контејнер е поставен нов контејнер, а се` што треба да се направи е да се подигне капакот од контејнерот, но очигледно и тоа е тешко да се направи , па ѓубрето се расфрла околу празниот контејнер. Според динамиката за работа комуналниот отпад од с.Велестово се подига два пати неделно во деновите понеделник и четврток.
Апелираме до граѓаните за поголема еко-култура и совесност , така заеднички ќе придонесеме до здрава и чиста животна средина.