Расчистени диви депонии во Даљан и каналот кај„Бистрица„
И во текот на денешниов ден екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведоа вонредни акции за расчистување на диви депонии на повеќе критични точки.
Во населбата „Даљан„ расчистени се диви депонии на 6 (шест) микро локации каде несовесни граѓани депонирале градежен шут, кабаст отпад, зелен отпад и најразличен комунален отпад.
расчистување на диви депонии во населба „Даљан”
По барање на месното население и по добиен налог од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, расчистен е каналот на река Грашница по нејзиното течение на ул.„Бистрица„. Со помош на специјална механизација отстранети се грмушки, друга дива вегетација и натрупан отпад. Со овие мерки превентивно се делуваше на каналот како не би дошло до излевање на водата при обилни врнежи.
Денешниов ден беше искоритен и за празнење на специјалните садови каде се депонира селектиран отпад од пластика и стакло.