Денот на ослободувањето на Охрид одбележан во просториите на Ј.П. Комуналец

Ј.П.„Охридски Комуналец„ на сите граѓани им го честита 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, а воедно на сите наши вработени им го честита патрониот празник на нашето претпријатие. Со пригодна свеченост и оваа година беше одбележан “7-ми Ноември” со врачување на јубилејни награди на двајца од вработените за 30 год. непрекината работа во Ј.П.”Охридски Комуналец”, а истите им беа доделени од страна на градоначалникот Јован Стојаноски.

Градоначалникот Јован Стојаноски им се заблагодари на вработените и раководството за посветената работа во одржувањето на јавната чистота и другите комунални активности во градот и приградските населби.

Share