Мобилните екипи на терен

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ денеска се вонредно ангажирани околу санирање на последиците од обилните врнежи кои го зафатија охридскиот крај. Во вечерните часови мобилни екипи беа ангажирани во давање помош на жителите од ул.„Галичица„ чии индивидуални куќи беа поплавени, заедно со Ј.П.„Нискоградба„. Со специјална механизација се расчистуваше речното корито на р.Коселска по нејзиното течение во населба Даљан како би се обезбедил непречен проток на речните води и би се одбегнале можните излевања.

 

Share