Акција за чистење на крајбрежниот појас во Љубаништа

Обилните врнежи во изминатиот период предизвикаа излевање на р.Черава на одредени делови од нејзиното течение. Високиот водостој со себе натрупа огромни количини неразградлив  и друг вид комунален отпад на крајбрежниот појас во с.Љубаништа до комплексот Св.Наум. Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведоа дводневна акција за расчистување на овој појас и собрани се 130 вреќи отпад.

Акцијата се спроведе по барање на месното население и добиен налог од општинскиот инспекторат.

Share