Зголемени активности за расчистување диви депонии

Од утрово со координирани активности на сите служби на Ј.П.„Охридски Комуналец„ се започна со расчистување и уредување на повеќе локации во градот и околината. 

По назначувањето на новиот в.д.Директор на Ј.П.„Охридски Комуналец„ Љупчо Грданоски одржан е работен состанок со  оперативните служби, дефинирана е динамиката и распоредот за справување со дивите депонии на повеќе локации и се пристапи кон нивно расчистување. Констатирана е состојбата на повеќе микро локации и црни точки каде несовесни граѓани во континуитет несоодветно депонираат отпад и шут. Денес се расчистуваа дивите депонии во населбата „Христо Узунов„ , ул.„Богомилска„ и ул.„Димитар Влахов„.
 
                                       расчистување   околу прес контејнерот во нас.„Христо Узунов„
       Во следната седмица просторот околу прес-контејнерот ќе биде и хортикултурно уреден
 
                                      расчистување на просторот околу прес-контејнерот на ул.„Богомилска„
 
                                         расчистување на дива депонија на ул.„Димитар Влахов„
 
 
Акциите за расчистување на дивите депонии ќе се одвиваат со засилено темпо и во текот на утрешниот ден и следната седмица.
Во оваа прилика повторно  упатуваме апел до граѓаните за почитување на Законот за јавна чистота и со своето однесување да придонесат за здрава  и чиста животна средина.
 
Во овој период засилени се и активностите за подигнување на паднатиот лист од коловозите, пешачките патеки и сите други јавни површини каде синхронизирано прво се расчистува паднатиот лист, се товари и се депонира во „Расадникот„ за создавање на биохумус.
Share