Од активностите на Ј.П. Охридски Комуналец
Во текот на вчерашниот ден, како и денес, екипите на “Паркови и зеленило” при Ј.П. “Охридски Комуналец” работеа на расчистување на просторот позади охридската “Гимназија св. Климент Охридски”. Беа ангажирани 3ца работници на косење, кастрење и собирање на зараснатите трња и трева, каде што беа собрани околу 15 м/3 зелен отпад.
Покрај овие активности, како дел од редовната работа на екипите на “Јавна Хигиена” при J.P. “Охридски Комуналец” беше косење на улиците во стариот дел на градот и метење на ул. “Железничка”. Исто така во изминативе 2 дена се чистеше кејот од насобраната езерска алга при што беа собрани 3 трактори од истата, а ќе се продолжи во тек на утрешниот ден.