Ј.П. Охридски Комуналец се приклучи во акцијата “Ден на Дрвото – засади ја својата иднина”
Ј.П. “Охридски Комуналец” повторно активен за денот на дрвото 30.11.2016 год. Беа донирани околу 300 зимзелени садници од видот “аризонски чемпрес” и “туја”, кои се од сопствено производство на претпријатието и беа засадени на повеќе локации во градот, а дел беа донирани на средните и основните училишта. Денот на дрвото-засади ја својата иднина ја одбележаа и вработените од „Заеднички Служби„ при Ј.П.„Охридски Комуналец„ кои заедно со Директорката во дворот на претпријатието засадуваа садници.
Беа засадени дрва и на градскиот кеј пред ресторанот “Стационе”.
Исто така се садеше на потегот од “Билјанини извори” до Хотел “Славија” помеѓу двете коловозни ленти.