Чистење на коритото на река “Сушица”

Деновиве екипите на Р.Е. “Механизација” при Ј.П. “Охридски Комуналец” работеше на машинско расчистување на речното корито на реката “Сушица” на потегот од с. “Велгошти” до пресекот со ул. “15ти корпус”. Беа подигнати големи количини на зелен отпад, гранки, наноси од земја, пластичен отпад и чакал, па со нивно расчистување се ослободи коритото за непречен проток на водата и минимизирање на можноста за поплавување на околното земјиште.

fotorcreated fotorcreated1

Покрај овие активности, во раните утрински часови беше подигната дива депонија кај прес контењерот во населбата “Христо Узунов” која беше направена поради несовесно депонирање на отпадот од страна на граѓаните.

fotorcreated2 fotorcreated3

Share