Акција за расчистување во населба Гоце Делчев
Со налог на комунална инспекција вчера екипите на Јавна хигиена при “Ј.П. Охридски Комуналец” извршија чистење на депонија создадена од околните куќи во населбата Гоце Делчев (под бараките). Ангажирани беа 4ца работници при што беше собран 1 трактор отпад.
Се апелира до околното население отпадот да го депонираат на местата наменети за истиот. Овие акции ги спроведуваме за подигнување на еколошката свест кај населението.