Завршено уредувањето на дрворедот по „7-ми Ноември„
Денеска екипите на „Паркови и зеленило„ ќе завршат со акцијата за средување на дрворедот по ул.”7-ми Ноември” на потегот од поранешната фабрика “Отекс” до ОЕМУЦ.”Св.Наум Охридски”-Охрид. Извршено е санирање на вкупно 86 стебла од постоечкиот дрворед од јавори , лево и десно од коловозот, со уредување на крошните и кастрење на гранките.
Следна планирана активност согласно Програмата за јавно зеленило за 2015 год. на територијата на општина Охрид е уредување на дрворедот покрај пешачката патека по “Кеј Македонија”.
Екипите на „Паркови и зеленило„ активно се вклучени во активностите за уредување на новата пешачка патека која локалната самоуправа ја гради после каналот „Студенчишта„.