Се расчистува патот до Скребатно и дворот од Историски архив

Екипите на „Паркови и зеленило„ го расчистуваат патниот правец с.Лескоец, кај Скребатско Маало до с.Скребатно. Ангажирани се 4 работници кои ги отстрануваат гранките од дрвјата и жбунестата вегетација која го попречува нормалното движење на пешаците и возилата, а тревата се коси.

 

skrebatno

Дворот од историскиот архив лоциран на ул.„Никола Карев„ хортикултурно се уредува од обраснатата трева , а крошните од дрвјата се уредени.

                                            пред

istoriski1                                                           потоа

istoriski2

   Градскиот парк тековно се одржува со косење на тревните површини и поинтензивно наводнување заради високите температури.

denarius

 

Share