Пролетни генералки во градот и околината
Во оваа работна седмица според планираните активности на Ј.П.„Охридски Комуналец„ ќе се спроведе расчистување на јавните површини во приградските населби. Во текот на вчерашниот ден се расчитуваше расфрланиот комунален отпад (хартија, пластика и др) во с.Велгошти, месноста Навис и с.Љубаништа. Денес се расчистуваат селата Трпејца и Косел, а до крајот на седмицата ќе бидат опфатени селата на потегот до Пештани, Подмоље и Горно и Долно Лакочереј.
Клупите на градскиот плоштад и кејот се санираат и добиваат нова фарба
Темелно се расчистуваат пешачките патеки во градскиот парк и граничниците со отстранување на ниската вегетација
Мини-парковските содржини се освежуваат со засадување на цветни садници-очиња. Разубавен е мини-паркот околу споменикот на Коста Абраш кај Сараиште
По налог на општинскиот инспекторат расчистена е локација на ул.„Живко Чинго„ каде беше отежнато движење на возила и пешаци од надвисната ограда од пироканта.