Отпочнува редовно миење на улиците

Од вчера се врши миење на улиците во градот  и  приградските населби со возило “Цистерна”. Во наредниот период ќе се продолжи со миење на улиците со динамика која ќе зависи од временските услови.

Екипите на  Р.Е. “Јавна Хигиена” надвор од редовните обврски извршија метење и миење на улици во населба “Св. Стефан”  и метење  во с.Подмоље.

Се поставија и 2 корпи за ситен отпад кај автобуската постојка кај зградата “Печијаре” . Се упатува апел до жителите кои живеат во околината да не ги користат овие канти за одложување на отпад од  домаќинствата.

DSCN0409-cr DSCN0406-cr

Share