Во 2014 год. подобра соработка Комуналец-Инспекторат

По предлог на Директорот на Ј.П.”Охридски Комуналец”, Елена Скрческа, денес  беше одржан состанок со претставници од Одделението за инспекциски надзор-Инспекторат и комуналните редари при локалната самоуправа.Целта на овој состанок, како што истакна Директорката Елена Скрческа , е подобрување на меѓусебна соработка и транспарентна комуникација  во 2014 год. во доменот на одржување на  јавната чистота, јавното зеленило и услужната хигиена. Бенефитите од подобрата взаемна соработка ќе се ефектуираат не само во работата на јавното претпријатие и Инспекторат, туку генерално во подобрување на сликата и имиџот на градот како наш најголем туристички центар.

    Од страна на претставници од комуналното претпријатие беа посочени најкритичните точки и проблеми со кои се соочуваат секојдневно: одржување на јавната чистота на “ТAXI” постојките, каде таксистите го загадуваат просторот со отпушоци и отпадоци, проблемот со отпушоците кои ги расфрлаат дел од вработените од локалите по градската чаршија и “Македонски Просветители”, преполнување на кантите (чија намена е депонирање на ситен отпад) со комунален отпад по градската чаршија и други фреквентни сообраќајници, несоодветно депонирање и оставање на комуналниот отпад кај индивидуалните објекти на ул.”Гоце Делчев” , ул.”7-ми Ноември” и “Стив Наумов”, потоа критични точки каде се злоупотребува намената на контејнерите на ул.”Егејска” , ул”Сатеска” и ул.”Васил Стефоски”, непристапност на нашето возило од паркирани возила до поранешната зграда на МТВ  и др. Во поглед на одржување на јавното зеленило најголем проблем создаваат домашните миленици, најмногу кучињата, кои ги уништуваат парковите. Од Инспекторатот беше посочено дека голем проблем е одржувањето на зеленилото од индивидуалните објекти кое ги загрозува јавните пешачки зони и површини, како и одржувањето на локации кои се наоѓаат на фреквентни локации  и се во приватна сопственост, а сопствениците не ги одржуваат.

Донесени се голем број  заклучоци, идеи и  предлози за подобрување на комуналната хигиена и јавното зеленило, кои заеднички Комуналец и Инспекторатот во 2014  год. ќе ги реализираат.

Фотографија04771

Фотографија04781

Фотографија04791

Фотографија04811

Share