Се расчистува шумскиот дел од Калето
Екипите на „Паркови и зеленило„ и „Јавна хигиена„ деновиве расчистуваат повеќе локации од шумскиот дел на охридското Кале. Се работи на шумскиот дел кој се наоѓа покрај коловозот кој води од вториот Чинар до Горна Порта и од Горна Порта до месноста „Дрвара„. Повеќе исушени дрвја од видот багрем и јасен се отстранети, а заради непречено движење на пешаците и возилата, гранките од дрвјата кои се наоѓаат во непосредна близина на коловозот се поткастрени, а ниската вегетација е отстранета.
Исто така интензивно се средува шумскиот дел под црквата „Св.Богородица Перивлепта„ .Од овој простор се подигна големо количество расфрлан отпад и истиот се расчисти од бршлените и трњето. Заради непристапноста на теренот сите активности се спроведуваа рачно.
Вакви и слични акции ги спроведуваме во соработка и координација со општина Охрид.