Од активностите на „Паркови и зеленило„
Во изминатава седмица продолжија активностите на засадување на есенско-зимскиот цветен материјал по градските зелени површини. Во градскиот парк се оформуваат цветни катчиња со складен колоритет и визуелен естетски изглед. Засадените садници од видот виола-оче ќе ги освежат парковите и во поладните денови, благодарение на издржливоста на пониски температури.
Како доминантна активност на „Паркови и зеленило„ во овој период е секојдневното собирање на паднатиот лист од сите зелени површини во градот, при што дневно се подигаат околу 12 м3 паднат лист само од зелените површини.
Завршено и уредување на крошните од дрвјата по целата должина на дрворедот од липи по ул.„Македонски Просветители„ (од двете страни на улицата), каде е извршено поткастрување, сечење и уредување на крошните од липи.