Комуналец спремен пред првиот снег
Следејќи ја временската прогноза и најавите за снежни врнежи и ниски температури, Ј.П.”Охридски комуналец” е подготвен за подобро функционирање во зимски услови. Сoгласно задолженијата кои ги има и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид 2014/2015 год.„ , екипирани се сите дежурни служби, механизација, набавени се абразивни средства и дефинирани се улиците по кои ќе се делува според приоритет. Деновиве превентивно се посипани уличките во стариот дел од градот со абразивни средства.