Акција за расчистување на месноста Грашница

По налог на Општинскиот инспекторат Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведува акција за расчистување на потегот од под Калето, околу комплексот згради на ул.„Крум Точко„ , кај фудбалското игралиште во месноста Грашница, вливот на река Грашница во Охридско Езеро и кај амбулантата „Воска„. Ангажирани се пет работници кои го расчистуваат расфрланиот комунален отпад (пластика, најлон кеси, хартиени отпадоци и др.) и мини-депонијата од градежен шут кај амбулантата.

 IMG10617n

IMG106161

IMG10618n

IMG106231

IMG106211

Апелираме до граѓаните ваквите грди слики  да не се повторат, зошто несовесното однесување на поединци остава трајни последици по степенот на хигиена на целиот град, а со расфрлањето на отпад на овој потег посредно  се загадува и езерото.

Share