Се коси тревата кај Долни Сарај и Горна Порта
Повисоките температури и врнежите во изминатиов период претставуваа идеални предуслови за бујната вегетација на тревата во охридскиот крај. Службите на “Охридски Комуналец” се максимално ангажирани со косење на тревата, машински и рачно, насекаде во градот. Денеска рачно се коси тревата и се расчистува просторот околу скалите кои водат од Долни Сарај кон Канео.
Исто така се коси тревата околу коловозот на ул.”Кирил и Методиј” до Горна Порта, а потоа и едносмерната улица која води од Горна Порта до комплексот згради на ул.”Крум Точко”.